Нашиот професионален тим има долгогодишно искуство во планирање и дизајн на комуникациските мрежи. Нашите експерти го комбинира стекнатото познавање на вашата мрежа за да обезбедатат комуникациско решение кое е испланирано, развиено и конфигурирано во согласност со денешните најдобри практики. Нудиме дизајни на комуникациски решенија базирани на повеќе нивоа и на повеќе технологии на различни транспортни медиуми како оптички, бакарни и радио мрежи. Исто така нудиме соодветни решение за сајбер безбедноста на комуникациски мрежи.
Сите решенија кои ги планираме и дизајнираме се темелат на опрема од највисок квалитет. Ние работиме исклучиво со сигурни деловни партнери и производители на комуникациска опрема.
Нашиот тим на професионалци секогаш ги извршува инсталационите услуги со висок квалитет и стандард и во рамките на поставените рокови. Знаењето на нашиот тим е потврдено со многу сертификати.
По реализација и завршување на секој проект, ние секогаш обезбедуваме на нашите корисници комплетна техничка документација побарана според закон.
Нашиот тим може да понуди комплетен сервисен пакет за поддршка и одржување според потребите на клиентите. Ние им обезбедуваме на нашите клиенти комплетна техничка поддршка и одржување на мрежи во согласност со договорите за одржување. Нашите експерти ќе работат со вас да ја адаптираат сервисната програма за да се задоволат бизнис потребите на вашата компанија.