Оператори / Сервис провајдери

Од пристапни до јадрени мрежи


Ние нудиме решенија за пристапни мрежи како и за јадрени мрежи наменети за оптички, жичани и безжични медиуми. Како што сообраќајот од работ на мрежата продолжува да расте - благодарение на “Cloud” услугите, видео стримингот, 4G / 5G мобилни технологии и IoT сервисите - притисокот врз податочните мрежата се мултиплицира.

ЗА ОПТИЧКА ТРАНСПОРТ ИНФРАСТРУКТУРА

Ние нудиме широк спектар на решенија за јадрени и пристапни оптички мрежи креирани со продукти од вендорот ECI Telecom.
Комбинирајќи ги продуктите од продукните фамилии APOLLO и NEPTUNE можеме да одговориме на сите предизвици за пристапни и јадрени оптички мрежи.

ЗА БАКАРНА ТРАНСПОРТ ИНФРАСТРУКТУРА

Ние нудиме широк спектар на решенија креирани со продукти од вендорот Actelis Networks за јадрени и пристапни податочни мрежи.
Продуктите на АCTELIS Networks им овозможуваат на Операторите/Провајдерите на услуги поефикасен и поекономичен начин за овозможување на широкопојасен пристап преку xDSL (ADSL2 +, VDSL2) и “Triple play” услуги на голем број корисници.

ЗА БЕЖИЧНА ТРАНСПОРТ ИНФРАСТРУКТУРА

Во центар на нашите безжични решенија е платформата на вендорот Ceragon Networks. Најдобро безжично решение што овозможува:

  • Зголемување на оперативната ефикасност: Максимизирање на капацитетот и перформансите, а во исто време минимизирање на трошоците за работа, како што се надоместок за фреквенции, трошоци за изнајмување простор на предавателни кули, трошоци поврзани со напојување, работна сила итн.
  • Обезбедување на стабилно решение: решението треба да биде сигурно, да обезбеди достапност на услугите и да одговори на потребите за безжично “backhaul” поврзување сега и во иднина.

    Сите права се заджани © sigmatel 2024