Продукти

Оптични транспортни системи


Ние нудиме оптички транспортни платформи кои обезбедуваат скалабилни, со висока густина, безбедни и енергетски ефикасни решенија од пристап до јадро, покривајќи широк спектар на клиентски интерфејси со поддршка на сите потреби за транспортни услуги, вклучувајќи: Ethernet од 1GbE до 100GbE, Fibre Channel од FC1 до FC16, SDH / SONET до SDH64 / OC192, повеќе видео интерфејси, како и OTN оптички линкови од 1G до nx100G.

Нашите оптички системи поддржуваат различни топологии, вклучувајќи точка-до-точка, “hub and spoke”, прстен и “mesh” поврзувања, исто така, интегрираат L2 статистички мултиплексирање и пакетски комутирани услуги, како и L1 транспарентен транспорт за високо - ефикасно пакетско-оптичко омрежување со способност за испорака на сите MEF Carrier Ethernet 2.0 сервиси.

Нашите оптички системи поддржуваат енкрипција на оптичко ниво, како најсигурен начин за пренос на информациите преку оптички влакна. L1 енкрипција со 100% проток од 10G до 100G со достапност за енкрипција по услуга/сервис.

Сите права се заджани © sigmatel 2021